Thursday, April 9, 2020

Информатика 6 одд

Изглед на готови пример програмски кодови, 
Извршување на готови пример програми    


Отворете го линкот https://studio.code.org/hoc/1, која е идентичен со изгледот на програмскиот јазик Скреч, со таа разлика што откако ќе го решите првото ниво, пилето да оди 2 места напред притискате Show code (покажи го кодот): Во Show code (шоу код) се наоѓа програмата односно кодот кој му кажува на пилето да оди две места напред.  Кодот за одење двапати напред во првото ниво е: moveForward(); moveForward(); Ова е код од програмскиот јазик Јаваскрипт (JavaScript). Кога би биле програмери во Јаваскрипт, за да се движи ликот две полиња напред, треба да го запишете кодот:  Оди напред - оди напред е: moveForward(); moveForward();

Наредби со кои ќе се сретнете при кодирањето и остранувањето на грешки.: move – движи се, forward – напред, turn – сврти, right – десно, left – levo и сл. Постапката ја повторувате и за следните нивоа (кодот и за второто ниво е ист) додека ги решите сите нивоа.

Линк до прирачник за програмата Скреч да го разгледате.

No comments:

Post a Comment