Sunday, November 29, 2020

Информатика 7 одд.

   Тема1: Програма за Табеларни пресметувања

Содржина: Креирање на графикони 

  Во учебникот од страна 40 до 42 да се научи.

Да се изработат задачите на страна 42 и прашањата на страна 42.

Да се изработат задачите од страна 42 до страна 45.

Проектната задача на страна 46 ќе биде за среда како пробен Контролен тест

Датотеките да се испратат електронски во фолдерите кои ги креиравте на апликацијата Microsoft Teams во Вашето одделение.

Информатика 7 одд.

   Тема1: Програма за Табеларни пресметувања

Содржина: Сортирање на податоци 

  Во учебникот од страна 37 до 39 да се научи.

Да се изработат задачите на страна 38 и прашањата на страна 39.

Датотеките да се испратат на електронската пошта: 7atanasp@gmail.com

Wednesday, November 18, 2020

Информатика 7 одд.

    Тема1: Програма за Табеларни пресметувања

Содржина: Формули и функции 

  Во учебникот од страна 31 до 36 да се научи.

Да се изработат задачите на страна 33 и 35 и прашањата на страна 36.

Датотеките да се испратат на електронската пошта: 7atanasp@gmail.com

Wednesday, November 4, 2020

Информатика 7 одд.

    Тема1: Програма за Табеларни пресметувања

Содржина: Автоматско пополнување на податоци во табела 

  Во учебникот од страна 29 до 30 да се научи.

Да се изработат задачите на страна 30 и забелешката на страна 30.

Исто така разгледајте ги страните од страна 31 до 36 и изработете ги табелите од страна 32 и 33.

Датотеките да се испратат на електронската пошта: 7atanasp@gmail.com

Thursday, October 29, 2020

Информатика 7 одд.

    Тема1: Програма за Табеларни пресметувања

Содржина: Форматирање на табела
 
 Во учебникот од страна 23 до 28 да се научи.

Да се изработат задачите на страна 26 и 28 и Прашањата на страна 28 од учебникот.

Датотеките да се испратат на електронската пошта: 7atanasp@gmail.com

Wednesday, October 21, 2020

Информатика 7 одд.

   Тема1: Програма за Табеларни пресметувања

Содржина: Уредување на табела
 
 Во учебникот од страна 19 до 22 да се научи.

Да се изработи задачата на страна 22 со дополнување на истата:

1. Вметнување на колона меѓу Презиме и Адреса со наслов Татково име на новата внесена колона.

2. Вметнување на ред меѓу Мила и Арта со вметнување на Ваши податоци.

 Прашања на страна 22 од учебникот.

Датотеките да се испратат на електронската пошта: 7atanasp@gmail.com

Thursday, October 15, 2020

Информатика 7 одд.

  Тема1: Програма за Табеларни пресметувања

Содржина: Работа со податоци во табела
 
 Во учебникот од страна 14 до 18 да се научи.

Да се изработи табелата на страна 16 за Нумерички податоци и да се испрати заедно со одговорите на прашањата од страна 18.

Прашања на страна 18 од учебникот.

Одговорите да се испратат на електронската пошта: 7atanasp@gmail.com


Tuesday, October 6, 2020

Информатика 7 одд.

 Тема1: Програма за Табеларни пресметувања

Содржина: Програми за табеларно пресметување, пример околина на програма и основни елементи на работен лист. 

Во учебникот од страна 06 до 14 да се научи.

Прашања на страна 14 од учебникот.

Одговорите да се испратат на електронската пошта: 7atanasp@gmail.com

Линк во PDF формат за учебникот по Информатика за 7 одделение: Информатика 7 одд.

Линк за Електронски учебник по Информатика за 7 одделение: Информатика 7 одд

Tuesday, May 19, 2020

Информатика 6 одд.

Мултимедијални презентации

Линк за учебникот кој што ќе го користите за мултимедијални презентации:
http://www.e-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/informatika_7_mak.pdf

Учебникот ќе го користете само за тема 3 Мултимедијални презентации од страна 47 до страна 80.

Наставни единици: 

  1. Додавање аудио и видеозаписи и 
  2. Креирање презентација и презентирање


Линк за  додавање на аудио и видео записи во презентација:

https://www.youtube.com/watch?v=21X3vxZnviA&feature=youtu.be


Да се одговорат прашањата и задачите на страна 65, 66 и 68 од учебникот. Сите прашања со изработка на презентации како што се бара. (до вторник 26 мај 2020 г.)

Испратете ги на електронската пошта: 6atanasp@gmail.com 
Во Subject не заборавете да внесете Ваше Име и Презиме и одделение 6-вашето одделение.

Tuesday, May 12, 2020

Информатика 6 одд.

Мултимедијални презентации

Линк за учебникот кој што ќе го користите за мултимедијални презентации:
http://www.e-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/informatika_7_mak.pdf

Учебникот ќе го користете само за тема 3 Мултимедијални презентации од страна 47 до страна 80.

Наставна единица: Креирање презентација со додавање графички објекти и ефекти.

Линк за  анимации и транзиции во презентација:

https://www.youtube.com/watch?v=KS64Y0DqcM0&feature=youtu.be

Да се одговорат прашања и задачи на страна 63 и 64 од учебникот. Сите 7 прашања со изработка на презентации како што се бара. (до понеделник 18 мај 2020 г.)

Испратете ги на електронската пошта: 6atanasp@gmail.com 
Во Subject не заборавете да внесете Ваше Име и Презиме и одделение 6-вашето одделение.

Tuesday, May 5, 2020

Информатика 6 одд.

Мултимедијални презентации

Мултимедија е презентирање на податоци комбинирани со музика, текст, видео, слики, фотографии.

Линк за учебникот кој што ќе го користите за мултимедијални презентации:
http://www.e-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/informatika_7_mak.pdf

Учебникот ќе го користете само за тема 3 Мултимедијални презентации од страна 47 до страна 80.
Линк за  препорака за изработка на презентација:
https://www.youtube.com/watch?v=eJkcx0-efRA&feature=youtu.be

Линк за изработка и активирање на презентација:
https://www.youtube.com/watch?v=L9KObChGu6g&feature=youtu.be

Разгледајте го учебникот од страна 47 до страна 57 и пробајте да креирате презентација од 4 до 6 слајда со која ќе се претставите вие. На страна 55 од учебникот од прашања и задачи, задача 9-Изработи презентација, имате насоки.

Monday, May 4, 2020

Информатика 7 одд.

Разгледајте ги на страна 36 и 39 Блок (Исказ) и нивните значења од тема 10.

Потоа  изработете ги следниве активности од тема 10 од прирачникот:

Активност 2 на страна 41 од прирачникот.

Активност 4 на страна 42 од прирачникот.

Активноста на страна 42 од прирачникот: Направи програма со која ќе ја анимираш секоја буква од твоето име. Притоа секоја буква користејќи желка графика ќе исцртува линии во боја.

Thursday, April 30, 2020

Информатика 6 одд.

Предлог активност:

Кој сум јас?

На страна 28 од прирачникот и страна 30

Бидете креативни!!!

Wednesday, April 29, 2020

Информатика 7 одд.

Да се изработат следниве активности од тема 7 од прирачникот:

Активност 1 на страна 26 од прирачникот.

Активност 2 на страна 27 од прирачникот.

Активност 3 на страна 28 од прирачникот.

Wednesday, April 22, 2020

Информатика 6 одд.


Изработка на програми со структура за избор


Разгледајте ги видеата

https://www.youtube.com/watch?v=-lr98xJxxHw&feature=youtu.be

https://www.youtube.com/watch?v=-lr98xJxxHw&feature=youtu.be

Структура за повторување scratch


Разгледајте ги активностите на страна 16 и 17 од прирачникот
Разгледајте ги активностите на страна 31 до 36 од прирачникот

Разгледајте ги видеата

https://www.youtube.com/watch?v=_GXylA59u6o&feature=youtu.be

https://www.youtube.com/watch?v=UyeGxJ6j3GE&feature=youtu.be

Домашна работа:
1. Да се изработи програма со која ако фигурата се допре со покажувчот на глувчето се стопира менувањето на нејзината боја.
2. Да се изработи програма во која неколку фигури ќе играат (ќе се движаат напред назад) постојано.
3. Да се изработи програма на цртање шестоаголник со промена на бојата на моливот.

Friday, April 17, 2020

Информатика 6 одд.

Активности кои треба да ги изработите:

Програмата на страна 24 и 25 од прирачникот

Претходно требаше да ги разгледате програмите со редоследна структура на страна 19 и 21

Бидете креативни!

Monday, April 13, 2020

Информатика 7 одд.

Да се изработат следниве активности:

Активност 1 на страна 23 и 24 од прирачникот.

Активност 2 на страна 25 од прирачникот.

Активност 3 на страна 25 од прирачникот.

Thursday, April 9, 2020

Информатика 6 одд

Изглед на готови пример програмски кодови, 
Извршување на готови пример програми    


Отворете го линкот https://studio.code.org/hoc/1, која е идентичен со изгледот на програмскиот јазик Скреч, со таа разлика што откако ќе го решите првото ниво, пилето да оди 2 места напред притискате Show code (покажи го кодот): Во Show code (шоу код) се наоѓа програмата односно кодот кој му кажува на пилето да оди две места напред.  Кодот за одење двапати напред во првото ниво е: moveForward(); moveForward(); Ова е код од програмскиот јазик Јаваскрипт (JavaScript). Кога би биле програмери во Јаваскрипт, за да се движи ликот две полиња напред, треба да го запишете кодот:  Оди напред - оди напред е: moveForward(); moveForward();

Наредби со кои ќе се сретнете при кодирањето и остранувањето на грешки.: move – движи се, forward – напред, turn – сврти, right – десно, left – levo и сл. Постапката ја повторувате и за следните нивоа (кодот и за второто ниво е ист) додека ги решите сите нивоа.

Линк до прирачник за програмата Скреч да го разгледате.

Wednesday, April 1, 2020

Информатика 7 одд. (Фигури, Маски и Зелено знаме во Скреч)

Изработете ги овие програми.

  • Изработка на програми во кои една фигура се движи и менува маски штом е притиснато зелено знаме.
  • Изработка на програма во која една фигура се движи, завртува, менува големина штом е притиснато зеленото знаме.
  • Изработка на програма во која една фигура се движи, завртува, менува боја штом е притиснато зеленото знаме.
  • Изработка на програма со истовремено движење на повеќе фигури
Пример од прирачникот за програмирање на страна 18, 19 и 20 страна за Скреч до Тема 6.

Изработените програми испратете ги на електронската пошта: 7atanasp@gmail.com

Во Subject не заборавете да внесете Ваше Име Презиме и одделение 7- вашата паралелка.

Информатика 6 одд. (Основи на Scratch, Основи на Scratch - вежби)


Ја запознавте програмата Скреч (Scratch) на училиште. Со отстранувањето на грешките на линковите кои Ви ги поставив. Вежбавте како се острануваат грешки и влечаат блоковите.

Во наредните часови ќе учиме да користиме Скреч (Scratch). Тоа е околина која нè учи да програмираме. Со Скреч се програмира на визуелен начин, преку редење на блокови кои претставуваат команди и можете да креирате интересни приказни, анимации, игри и др.. Програмирањето во Скреч се заснова на правење програми  со помош на објекти, наречени фигури и наредби во форма на блокови, наречени скрипти. За да го пуштиме овој програм, во Вашиот Интернет пребарувач треба да се внесе адресата https://scratch.mit.edu/ и да се одбере копчето CREATE. Можете да ја преземете и постарата верзија како во училиштето на следниот линк  https://scratch.mit.edu/scratch_1.4 

Пример програма во Скреч. 

Пробајте да направите слични програми по ваш избор и испратете ми ги на електронската пошта: 6atanasp@gmail.com 
Во Subject не заборавете да внесете Ваше Име и Презиме и одделение 6-вашето одделение.
Можете и оваа видео да го гледате како обајснување за програмата.
https://www.youtube.com/watch?v=amI-X_smstQ&feature=youtu.be

Sunday, March 22, 2020

Информатика 7 одд. - Искази

Последниот час креиравте програма за два броја.

Сега направете програма на произволно внесување на три броја каде што ќе се пресметуваат операциите: собирање, одземање, множење и делење на трите броја.

Пример од прирачникот за програмирање на страна 17.

Прирачникот може да го преземете на следниот линк

https://www.bro.gov.mk/%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%B3%D0%BE%D1%80%D0%B8%D0%B8/?idcat=118&customposttype=izdanija_kategorii

или
https://www.bro.gov.mk/wp-content/uploads/2018/09/Priracnik-Programiranje.pdf


Линк до програмата Скреч

https://scratch.mit.edu/scratch_1.4

Изработената програма испратете ја на електронската пошта: 7atanasp@gmail.com

Во Subject не заборавете да внесете Ваше Име Презиме и одделение 7- вашата паралелка.


Информатика 6 одд.- Дебагирање


Дебагирање на програми кои содржат грешки

Дебагирање (debugging) значи отстранување на бубачката од кодот – отстранување на грешка (нешто непожелно) кое го спречува кодот да биде точен, (на англиски јазик bug (се чита баг) значи “бубачка“).
Дел од грешките се состојат во погрешен правец на вртење (на пр. стои  „сврти лево“, а треба „сврти десно“) или пак, на пр. “повторувај 3 пати“, а треба „повторувај 4 пати“ и сл. 
Линкови каде што можете да вежбате за остранување на грешките. 

https://studio.code.org/s/course1/stage/5/puzzle/1

https://studio.code.org/s/course2/stage/10/puzzle/1

https://studio.code.org/s/course3/stage/14/puzzle/1